Владата предложи нов закон за бесплатна правна помош

На денешната седница Владата го разгледа и утврди Предлог-законот за бесплатна правна помош и измените и дополнувањата на Законот за електронско управување.

Законите ќе бидат доставени до Собранието за натамошна постапка.

Со Предлог-законот за бесплатна правна помош се уредуваат општите правила за обезбедување на бесплатната правна помош, а негова цел е да се овозможи и унапреди правото на физичките лица на пристап до правдата и правичната судска заштита преку обезбедување финансиска поддршка од страна на државата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.