Македонија,Политика

Владата предвидува осум уставни измени

Владата предвидува осум уставни измени

Промена на името на Народната банка, уставно дефинирање на бракот како заедница составена исклучиво од еден маж и една жена, воведување на институтот Уставна жалба се само дел од предолг-измените за Уставот кои беа донесени на вчерашната владина седница.

Премиерот Никола Груевски истакна дека се работи за 8 функционални целини во Уставот, и тоа: промена на називот на НБРМ, дефинирање на бракот како заедница меѓу маж и жена, воведување на инситутот Уставна жалба, промена на составот на Судскиот совет на Р. Македонија, промена на надележноста за одлучување по жалба на одлуките на Судскиот совет на Р.М за избор на судии, разрешување или друга изречна дисциплинска санкција на судија или на претседател на суд и воведување наделжност за одлучување по жалба на одлуките на советот на јавни обвинители на Р.М за избор на Јавни обвинители, разрешување или друга изречена дисциплинсак санкција на јавен обвините од стран на Уставниот суд, прецизирање на фискалните правила во рамките на Буџетот и тоа за буџетскиот дефицит и јавниот долг, создавање на уставна можност за формирање на финанскиска зона, пристапување кон измени на Уставот на Р.М со цел дефинирање на Државниот завод за ревизија како уставна категорија.

Според Груевски со новите измени Народната Банка ќе се прекрсти во Банка на Република Македонија, а бракот треба да се дефинира единствено како заедница помеѓу еден маж и една жена.

„Со оваа измена на уставното дефинирање на бракот, ќе ги заштитиме најпрво децата кои се создаваат во него и со овој член ќе се појасни она што од 1991 година не е појаснето дека бракот е заедница составена исклучиво помеѓу еден маж и една жена“, рече Груевски.

Груевски на крајот истакна дека овие предлог одлуки се насочени кон подобрување на работата на институциите и воведување на нови повисоки стандарди кои ќе овозможат дополнителни услови за економски развој и просперитет.