Владата предвидува зголемување на бројот на судиите во Судскиот совет

Наместо претседателот на Врховниот суд и министерот за правда да членуваат во Судскиот совет, Владата на последната седница, донесе предлог-измена на уставот на овие две позиции да дојдат уште двајца судии и нивниот број од 8 да порасне до 10 члена.

Според сегашниот состав на Судскиот совет кој брои 15 члена, измена е планирана да се направи само во делот на избор на судии од своите редови, односно да им се даде право да се изберат 10 судии наместо, како што беше случајот досега нивниот број да биде осум.

„Со измените предвидуваме исклучување на претседсателот на Врховниот суд и министерот за правда од редовите на членови на судскиот совет. Да остане предлогот, претседателот на државата да предлага двајца членови од редот на професори по право и адвокати, а наместо 8 судиите од своите редови да можат да изберат уште два члена“, рече премиерот Груевски.

Со ова ќе се придонесе за поголема професионалност и ефикасност на работењето н а судскиот совет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.