Владата распиша oглас за амбасадор во Берлин

Кабинетот на премиерот Никола Груевски денеска распиша јавен оглас за пополнување на една од најстратешките дипломатски позиции во Европа – амбасадорското место во Берлин.

Заинтересираните кандидати покрај завршено високо образование, треба да поседуваат меѓународно признат сертификат зап ознавање англиски јазик и соодветен сертификат за владеење на германскиот јазик, Идниот амбасадор, треба да има стекнато високо дипломатско звање доколку доаѓа од редовите на дипломатско-конзуларните службеници или пак да биде високо афирмирана личност во надворешната политика и меѓународните односи. Огласот ќе трае до 10 август, а заинтересираните можат да се пријават на владиниот веб сајт.

На ваков начин, владата веќе ги селектира најдобрите кандидати за повеќе амбасадорски места и воени аташеа низ светот

„За амбасдорските места за кои веќе е распишан оглас, интересот е навистина голем. Во тек е евалуација на кандидатите и интервјуа со секој од нив, така што набрзо, очекуваме најдобрите кадри да бидат назначени за амбасадорските позиции“, вели Александар Георгиев, портапрол на македонската Влада.

Најголем интерес има за амбасадорското место во Канада каде изборот се прави меѓу 75 кандидати. Многу заинтересирани и за амбасадорската поизција во Бугарија, каде на огласот се пријавиле 72 кандидати. 58 лица сакаат да бидат амбасадор во Белгија, а меѓу 40 и 50 кандидати има за амбасадите во Турција,  Русија, Белгија, Бразил и Франција