Владата размислува за подобрувањe на екстерното тестирање

Годинава владата и МОН веќе размислуваат за дополнителни подобрувања на екстерното тестирање, рече премиерот Никола Груевски одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот Крсто Муковски.

Тој потенцира дека за овие дополнителни подобрувања на екстерното тестирање нема одлука, туку дека се работи само за дискусии, кои што после ќе бидат предмет на дебата и пошироки консултации ќе се донесен одлука што од тоа треба да биде спроведено.

Меѓу оние дополнителни подобрувања за кои во моментов се разговара се полагање 2 пати или 4 пати, наместо еднаш годишно, поголем број на проблемски прашања, заради разбирање на суштината на лекциите и на целата материја.

Како што рече премиерот во овој дел може да дојде до израз и креативноста на учениците.

Исто така се размислува ако ученикот ако биде оценет со 1 да може да преполага и ако не е задоволен да добие можност за преполагање, како и учениците што не се задоволни од оцената да добијат можност за преполагање.

Измени се планираат и во правец на подобрување на формулата за пресметка на оценката на тестирањето. Се размислува и за ангажман само на надворешни лица за набљудувачи за време на испитот заради објективноста, како и комисиско разгледување на приговорите

Целта е да се вратат повисоките стандарди и да им се помогне на децата да имаат повеќе знаење и подобра иднина, рече премиерот.

Во образложувањето на почетокот на одговорот на прашањето, за тоа која е целта на самото екстерно тестирање нагласи дека во периодот на транзицијата дошло до пад на вредностите и на критериумите, кои како што рече не се добри како за самите деца, така и за државата во целост.

Проблемот со давањето на високи нереални оценки на учениците од страна на наставниците датира од времето на транзицијата, време во кое што се загубија многу вредности и критериуми и паднаа стандардите. Наместо да растат стандардите како во секое општество, ние се соочивме со пад на стандардите. Падот доведе потпаѓаат под тој притисок на многу преку ноќ настанати моќници наставниците, учителите, професорите пончнаа да потпаѓаат под притисок и да пишуваат високи оценки без потребното знаење на учениците со цел да удоволат на тие што тоа го бараат. Односно на некој начин да го тргнат тој притисокот од себе. Подоцна тоа се рефлектираше и на оние што не вршеа такви притисоци. Самите наставници со грижа на совест дека тоа го прават кон одредени кои што вршат притисок го сменија критериумот за сите, рече премиерот .

Одговарајќи на дополнително новинарско прашање, дали наставниците ќе имаат проблем со развојот на кариерата, премиерот нагласи дека сите наставници што совесно ќе си ја вршат работата нема да имаат никаков проблем со развојот на нивната кариера, потенцира премиерот.

 

За новите дополнителни подобрувања на екстерното тестирање говореше и заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски. Повеќе за ова на следниот линк.