Владата се вклучува со поддршка во справувањето со поплавите

Град Скопје формираше Кризен штаб по силното невреме кое попладнево го зафати Скопје.

Состојбите се следат и се дејствува на терен. Онаму каде што е најкритично и најпотребно екипите се веќе на терен и дејствуваат.

Со поддршка во справувањето со поплавите се вклучува и Владата. Се очекува министерот за труд и социјална политика Диме Спасов да го посети кризниот штаб.

Состојбата се следи во цела Македонија, се дејствува во скопско и тетовско.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.