Македонија

Владата со нова мерка ќе ги стимулира студентите

Владата со нова мерка ќе ги стимулира студентите

Премиерот и претседател на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски на Годишната конференција на УМС на партијата најави дека владата планира уште една мерка која, како што рече, ќе ги стимулира студентите да се борат преку учење и знаење да бидат меѓу најдобрите и најквалитетните.

–  Таа стимулативна мерка предвидува, за оние студенти на државните универзитети кои ќе имаат најдобар успех во студирањето, поточно кои дипломирале со просек над 9.50 на еден од првите три највиисоко рангирани универзитети во Македонија, владата секоја година ќе обезбеди наградно патување со авион во една од трите најатрактивни дестинации Парис, Венеција или Барцелона, со целосно покриени трошоци за авионски билет, покриени хотелски трошоци и исхрана. Релизацијата ќе почне од септември или октомври оваа година. Тие што најмногу ќе вложат труд и ќе покажат најдобри резултати, ќе добијат и екстра награда од владата, рече Груевски.