Владата со положување цвеќе ќе го одбележи денот на ВМРО

Делегација на Владата денеска ќе го одбележи Денот на македонската револуционерна борба – 23 октомври со положување венци со свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.

Делегацијата ќе ја предводи министерот за култура Роберт Алаѓозовски, а со него ќе бидат и министерот за економија Крешник Бектеши и министрите без ресор Едмонд Адеми и Зоран Пашуриќ, како и заменик министеров за локална самоуправа Дејан Павлески.

Настанот е закажан за во 10.30 часот.