Владата со повик за доставување на аргументирани предлози за реформите во образованието

Интегрален текст

Со цел унапредување на квалитетот на високото образование, Владата на Република Македонија во изминатиов тримесечен период на транспарентна и сеопфатна дебата во јавноста по однос на предложените реформи во високото образование, прифати поголем број на аргументирани сугестии за квалитативно подобрување на концептот на реформите и на текстот на предложените законски решенија.

Денеска, Владата упатува уште еден повик и замолница, до сите субјекти кои имаат интерес и аргументирани идеи и предлози за понатамошно унапредување на реформата, до сите Универзитети, до целата професорска фела и до сите студенти, вклучувајќи ги и оние професори и студенти кои побараа, а во текот на вчерашниот ден и прифатија учество во дебатата, а потоа решија да не присуствуваат на истата, да ги испратат своите предлози за квалитативно надградувања и надополнување на текстот и членовите на предложените реформски реформи, до Владата или до Министерството за образование и наука во писмена верзија, за да може да бидат соодветно, детално и сеопфатно разгледани и да се увиди можноста за нивно вградување во законските решенија.

Владата на Р.М. е отворена за сугестии и подготвена да ги разгледува и анализира сите аргументирани предлози кои ќе пристигнат и тоа за секој член од законските решенија и затоа уште еднаш го упатуваме овој апел до целата академска заедница.