Владата со Ребалансот го скуси буџетот на Јавното обвинителство, на СЈО недопрен

Со новиот ребаланс владата на СДСМ на Јавното обвинителство од претходните 701.889 милиони денари ги намалува на 660,925 или за 40,964 милиони денари помалку пари. Од друга страна буџетот на Специјалното јавно обвинителство останува ист, односно ова обвинителство ќе има на располагање дури 228,005 милиони денари.

Од она што може да се види од новиот предлог буџет ЈО за своите 457 вработени на плати ќе одвои 237,790 милиони денари, каде има намалување од претходните 259,429 што е намалување за 21.639 милиони денари. Од друга страна, пак, буџетот на СЈО за платите не е променет.

Исто како и претходната година, така и оваа СЈО на за трошење на плати за своите 67 вработени колку што изнесува бројот според регистарот на вработени од 2016 година ќе имаат фантастични 68,010 милиони денари. Ако се погледне подетално, овој предлог буџет и ако се направи споредба меѓу двете обвинителства ќе се забележи голема огромна разлика во сумите што ги имаат овие две обвинителства во одност на стоките и услугите.

ЈО, кое не само што има значително поголем број вработени од СЈО, и значително поголем број на обвинителства на целата територија на Република Македонија, односно 26 јавни и виши обвинителства, под ставката стоки и услуги ЈО ќе има на располагање 28,216 милиони евра, за разлика од претходно колку што имале одностно 40,102 милиони денари или за 11,886 милиони денари помалку. Ако се погледне кај СЈО, оваа ставка ќе се забележи дека под оваа ставка СЈО, ќе имаат верувале или не дури 6 пати повеќе пари за разлика од ЈО или 148,595 милиони денари.
Ако подетално се погледне оваа ставка на СЈО,ќе се забележи дека дури речиси цел буџет од ќе оди на договорни услуги или 129,020 милиони денари. Значи дека СЈО од парите на граѓаните на оваа држава ќе ги плаќа сите оние кои јавно излегуваа да го бранат и да ги подржуваат сите оние дејствија кои се насочени само кон ВМРО-ДПМНЕ и нивните функционери. Експертите на СЈО и се познати на јавноста: Александар Тортевски, Светомир Шкариќ, Гордан Калајџиев, Димитар Апасиев, младата адвокатка Сузана Јошевска, поранешниот обвинител Коста Петровски, екс заменик министерот за правосудство и управа Бардуљ Кука и поранешниот судија во врховниот суд Абдулаќим Салиу. Ова значи дека сите овие ткн експерти на СЈО и во нареднава година ќе земаат меѓу 30 и 20 илјади денари пари на граѓанинте на Македонија.

Според ваквиот предлог буџет, целта на СДСМ и на Заев е да ги намалат капацитетите на ЈО на сметка на СЈО. Освен ова, тука се отвара повторно сомнежот дека Заев и СДСМ ќе го искористат СЈО за политичко дејствување како што обвинуваат поголем број на експерти во јавноста.