ТОП,Македонија

Владата усвои предлог-ребаланс на Буџетот за 2016

Владата усвои предлог-ребаланс на Буџетот за 2016
Владата усвои предлог-ребаланс на Буџетот за 2016
Владата на Република Македонија вечерва на седница го усвои Предлог ребалансот на буџетот за 2016 година, кој веднаш ќе биде доставен до Собранието на РМ.

Како што образложи на прес-конференција министерот за финансии Кирил Миноски, ребалансот се должи на промена на проекцијата за растот на БДП од 4 проценти на 2,3 проценти.

Со ребалансот приходите се намалуваат за два проценти или за три милијарди денари, а расходите за 804 милиони денари во однос на проектираното.

Миноски истакна дека е позитивен трендот на наплата на даноците и придонесите, при што кај даноците има раст од 6 проценти, а кај придонесите од 5,7 проценти.

Со ребалансот, како што потенцира министерот, не се загрозува исплатата на платите, пензиите и социјалните трансфери, а капиталните расходи се намалуваат, но сепак остануваат на високо ниво.

Додаде дека со ребалансот се зголемува дефицитот од првично проектираниот 3,2 проценти на 3,6 проценти од БДП.