Свет

Владата во Белгија со 12 чекори против тероризмот

Владата во Белгија со 12 чекори против тероризмот

По синоќешните настани и големата антитерористичка операција од страна на безбедносните сили на Белгија ширум земјата, вклучително и во градот Вервиер каде се убиени двајца џихадисти, белгиската Влада се состана денеска во рамки на Советот на министри и изгради ограничени контролни мерки против радикализмот и тероризмот.

Како што јави МИА, премиерот Шарл Мишел, опкружен од неговите заменици-премиери, на прес-конференција претстави 12 чекори што белгиските власти ќе ги превземат и истите се очекува да ги усвои федералното Собрание до крајот на идниот месец, при што е одлучено и во наредните денови еден вод на белгиската армија да излезе на улиците.

– Советот на министри ја ограничи можноста да поентира точка во борбата против радикализмот и тероризмот. По синоќешните настани, сакам во име на Владата искрено да се заблагодарам и да им честитам на сите наши полицајци и на судството кои помогнаа да се спречат обидите за непосредни напади. Исто така, сакам да им се заблагодарам на француските власти кои обезбедија техничка поддршка во дел од овие операции – објави премиерот Мишел.

Претседателот на белгиската Влада потврди дека синоќешните настани го довеле до тоа Владата да ја разгледа потребата да се подигне нивото на закана од тероризам од трето на четврто ниво и во согласност со договорот за коалиција, во соработка со полицијата, белгиската војска ќе биде достапна за зајакнување на нивото на безбедност. Мишел исто така истакна дека нема информации дека има конкретна и сериозна закана за Белгија, но дека сегашната ситуација се уште не треба да предизвикува забрзано донесување на одлуки.

– Без оглед на овие настани и во согласност со обврските од договорот за коалиција, беше одлучено да се донесе и да забрзаат одредени конкретни чекори во борбата против радикализмот и тероризмот. Па, во тој поглед че преземеме 12 конкретни чекори за подобрување на нашата безбедност, каде што имаме дефинирано и време на имплементација – додаде Мишел.

Според белгискиот премиер, Белгија е одлучна да се бори против радикализмот и тероризмот на силен начин и за таа цел се обезбедени 300 милиони евра што првенствено ќе се користат за безбедносни прашања. Тој, исто така увери дека Владата ќе обезбеди различните одделенија на правдата и безбедноста да имаат потребни средства за постигнување на својата задача во најдобри услови. Притоа, министерот за правда, Кун Хеенс, во детали ги објасни 12-те мерки за зајакнување на борбата против тероризмот, при што некои од нив се кривични, други административни, а трети протоколарни:

1. Продолжување на терористичките кривични дела и нивно усогласување на законодавството за повеќе ефикасни санкции со вметнување на нов терористички напад ако лица патуваат во странство за терористички цели;

2. Проширување на листата на дела за кои со употреба на посебни методи на истражување, а тоа се поттикнување на тероризам, регрутирање и обука и патувања во странство за терористички цели;

3. Опција за проширување или повлекување на државјанствата, како дополнителна казна, што може да биде наметнато од страна на судија, при што ќе се направи список на кривични дела кои може да доведат до такво повлекување;

4. Отстранување на привремената лична карта, одбивање за издавање и одземање на пасошите кога лицето е опасност за јавниот ред и безбедност. Ова е мерка што може да се преземе од страна на министерот за внатрешни работи по известувањето за да се спречи некој оди на некое место каде што тероризмот е активен;

5. Активирање на механизмот предвиден со закон за идентификација на лицата вклучени во финансирањето на тероризмот и чии средства ќе бидат замрзнати, како дел од борбата против перењето пари и против тероризмот;

6. Ревизија на циркуларот “странски борци” од 25-ти септември 2014 година во врска со управувањето на информации и следење на овие борци што заминале во странство, па се вратиле во Белгија;

7. Размена на информации, односно оптимизација на размената на информации меѓу административните и судските органи и служби, при што работната група ќе биде одговорна да види до кој степен некои информации се собрани како дел од тајна истрага на судските услуги и ккао истата може да се дели со други услуги кои вообичаено немаат пристап, токму со цел да бидат поефикасни;

8. Ревизија на Планот “А” против радикализацијата од 2005 година со цел да се земат предвид последните случувања;

9. Радикализмот во затворите и борба против радикализација на затворите, подобро откривање на радикализираните затвореници и оние кои поттикнуваат радикализација и преземање мерки против нив. Обука на затворскиот персонал и соработка со Исламските советници, поделба на север и југ на затворениците кои се вистински ризик во однос на тероризмот, а особено за откривање на терористички пораки до други лица кои би можеле да бидат под нивно влијание;

10. Закон за реформа на разузнавачките и безбедносните структури со создавање на Национален совет за безбедност кој ќе има задача да преземе политичката одлука дали да алармира при вонредни ситуации, ако ситуацијата тоа го наметнува;

11. Повик на војската за специфични задачи за супервизија, па во случај на закана од Четврто ниво, да може да се поднесе жалба до армијата да реагира, при што наредните денови ќе биде подготвен вод од 150 луѓе за да биде евентуално распореден на привремено време низ земјата.

12. Зајакнување на капацитетот за анализа на државната безбедност, посебно собирање на информации и заштита на “Вип”-личностите, односно странските шефови на држави при посети на Брисел и други личности. Оваа последна мисија наскоро ќе биде доделена на федералната полиција, со цел да и овозможи на државната безбедност целосно да се посвети на својата разузнавачка задача.

Последните три мерки, според министерот за внатрешни работи на Белгија, Јан Жамбон, може да се спроведат веднаш, додека првите пет чекори и деветтиот ќе бидат доставени до Владата пред крајот на овој месец, а чекорите шест, седум и осум се очекува да се спроведат до средината на февруари.