Владата во пресрет на земјоделците да добијат старосна пензија

Владата во пресрет на земјоделците да добијат старосна пензија
Владата во пресрет на земјоделците да добијат старосна пензија

Владата ги усвои новите измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со кои се излегува во пресрет на барањата на земјоделците во државата.

Со ова се решава значаен проблем со кој се соочуваа неколку стотици индивидуални земјоделци, при што со усвојувањето на овој закон од страна на собранието, ќе се создадат законски можности оваа група на граѓани да се стекне со старосна пензија, истакна министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Со ова законско решение се излегува во пресрет на барањата на здруженијата на земјоделци, синдикатите и голем број на граѓани.

Со овие измени се предлага да се воведе законска можност на земјоделците да им се засмета во нивниот стаж и времето поминато во осигурување според Законот за старосно осигурување на земјоделците кој се применуваше во перодот од 1978 до 1988 година, со што би се создале можности за исполнување на минималните услови за остварување право на старосна пензија (15 години пензиски стаж), при што ова законско решение ќе започне да се применува од 1.1.2016 година, рече Спасов.

Осигурениците кои имаат статус на индивидуални земјоделци, заради исполнување на условите за остварување право на старосна пензија, во нивниот стаж на осигурување ќе се засмета и времето поминато во осигурување според Законот за старосно осигурување на земјоделците, доколку земјоделецот  бил пријавен во осигурување и придонесот за тоа осигурување е платен во време на важењето на Законот за старосно осигурување на земјоделците

Доколку осигуреникот нема целосно утврден стаж на осигурување по 1 јануари 1989 година, заради исполнување на условите за остварување право на старосна пензија,  ќе се засмета времето поминато во осигурување според Законот за старосно осигурување на земјоделците кој се применуваше од 1978 година до 1988 година, доколку бил пријавен во осигурување и придонесот за тоа осигурување е платен во време на важењето на Законот за старосно осигурување на земјоделците и доколку изврши уплата на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување за период по 1 јануари 1989 година, до исполнување на условот од 15 години стаж на осигурување доколку бил пријавен во задолжително социјално осигурување по 1 јануари 1989 година, појасни Спасов

За реализација на оваа мерка со која на сите земјоделци кои во моментов не исполнуваат услови за старосна пензија (односно 15 години стаж), а со признавањето на стажот поминат од 1978 до 1988 според законот за земјоделско осигурување,  ќе остварат 15 години стаж и  ќе можат да остварат старосна пензија а со тоа и социјална сигурност и пристојна и достојна старост, за оваа мерка Владата ќе одвои околу 34 милиони денари на годишно ниво за исплата на пензии.

 

Пoврзани вести:
Груевски најави решение за земјоделци кои немаат признат пензиски стаж