Владата во Србија најде купувачи за пропаднатите претпријатија

Министерот за правда Никола Селаковиќ тврди дека со усвојувањето на измените на Законот за приватизација ќе се зголеми интересот на инвеститорите и ќе се сочуваат 56.000 работни места .

Пратениците во Собраните во Србија вчера се изјаснуваа за предлог измените на законот за приватизација, кој според Александар Вучиќ, е неопходно за поправање на деловниот амбиент и со самото тоа спас на економијата.

Никола Селаковиќ, министерот за правда, навел дека со овој предлог се создава можност да се сочуваат работните места во 164 фирми во реконструкција, кои имаат перспектива.

Имајќи ја предвид потребата да се избегнат штетните последици од важечкиот закон, владата ги подготви измените кои би требало да стапат на сила пред 14 мај.

„Се проценува дека за овие претпријатија потојат заинтересирани инвеститори, а дека доколку не се донесат измените на законот, не би постоел интерес кај инвеститорите да влезат во овие претпријатија“, посочил Селаковиќ на седницата на парламентот и воедно подвлече дека во 164 претпријатија во реструктурирање во кои работат 56000 работници, системот на производство е неодржлив, а додека државата имала повеќе средства можела неплански да ги субвенционира постоел привид дека работат.

„Не би сакал да го нарушувам процесот на преговори, но во наредниот период ќе бидете сведоци на интересирање на важни странски компании за претпријатијата во реконструирање.“, рекол Селаковиќ.

Аналитичарите велат дека досегашниот закон се покажал како лош.

„Тоа е добар начин што повеќе претпријатија да се спасат.Не е реално да се одржат сите, но измените во законот може многу да направат.“

Александра Томиќ, претседателка на одборот за стопанство, поосчила  дека не знае точно колку се долговите на овие претпријатија, но дека сигурно се работи за милијарди и дека државата со овие измени сака барем третината или половината од овие претпријатија да пронајдат стратешки партнери.