Владе Дивац продуктивен и во пензија

Поранешниот кошаркар на ЛА Лејкерс, Владе Дивац по подолга пауза повторно беше во главна улога во Стејплс центарот.

На полувремето од дуелот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт Вориорс, тој прифати предизвик да шутира од половина терен. Дивац го погоди шутот, освои 90.000 долари, сума која секако беше наменета за хуманитарни цели.

Лос Анџелес Лејкерс го совлада Голден Стејт со резултат 115:105, а ова е погодокот на Дивац.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.