Владиката Петар ќе тужи 891 член на Македонската црковна општина во Сиднеј

Владиката Петар покренува тужби против 891 член на Македонската православна црковна општина Св. Петка во Сиднеј, Австралија.

Од Асоцијацијата на македонски заедници во Австралија денеска побара од Синдот на Македонската православна црква на утрешната седница да донесе одлука со која ќе му забрани на владиката Петар да ги тужи членовите на црковната општина.

„Шеснаесетгодишниот судски спор, кој Петар и попот Митко Митрев го водеа против Св. Петка за одземање на нејзините имоти, заврши со одлука дека општината, како регистрирана непрофитна организација во Австралија, останува законски сопственик на имотите, со обврска да ги користи за одржување на служби во согласност со правилата на МПЦ и со Митко Митрев како парохиски свештеник.  Владиката Петар сега отвора нова тужба против 891 верник на Св. Петка со барање да се откажат од членство во општината затоа што не се признати како членови од страна на свештеникот Митко Митрев.  Така, општината би останала само со шест членови, приврзаници на Петар, кои би можеле со одлука на генерално собрание да му ги препишат имотите“, велат од Асоцијацијата.

 Асоцијацијата бара Синодот на утрешната седница повторно да го отвори прашањето за ставање на Св. Петка под своја директна надлежност, за да се стави крај на судските спорови кои залудно би исцрпиле уште стотици илјади долари од доброволните прилози на верниците на МПЦ.