Владимир Гроисман на чело на Владата на Украина

Челникот на комитетот за истрага на падот на авионот на Малезија Ерлајнс е именуван за вршител на должност премиер на Украина.

Потпретседателот на Владата на Украина и министерот за регионален развој Владимир Гроисман е именуван за вршител на должност украински премиер, после отавката нс Арсениј Јацењук, објавил министерот за внатрепни работи Арсениј Јацењук.

„Владимир Гроисман денеска (четврток навечер) на седницата на Владата е поставен за вршител на должност премиер“, напишал Аваков на својот профил на Фејсбук.

Гроисман исто така се наоѓа на чело на државниот комитет за истрага на падот на вионот на Малезија Ерлајнс, кој минатата недела е срушен на истокот на Украина со 298 патници и членови на посадата.

Јацењук поднел оставка на функцијата премиер заради распадот на владеачката коалиција и блокирањето на Владините иницијативи.