Отворено писмо до Владимир Милчин (1): Десоросоизација=Демилчинизација=Декодошизација

Еден мој драг пријател секогаш ми вели: Да си шпиун во една држава тоа значи дека работиш за доброто на државата, ама да си кодош тогаш си најдолниот слој од друштвото во една држава.

Цитат од книгата Македонска Лустрација:

Карактерот и делувањето на Владимир Милчин на интересен начин го оценуваат и други лица, кои како извори на одредени информации на службените лица на СДБ  им ги изнесуваат нивните сознанија за него. Така „изворот ..ро“ , ќе каже: …Згрешивме што Владо Милчин го избравме за Секретар на СКЈ. Тој е човек кој нема скрупула и главна преокупација му е парата. На крајот од белешката, пак, инспекторот ќе констатира: ,… Сознанијата кои изворот ги приведува за В. Милчин се точни, бидејќи тој ги користи сите свои врски да оствари патување во Јапан, единствено од материјален аспект…

Но, и Вишиот управен суд на 22.9.2014 година ќе донесе пресуда, а во изреката јасно и прецизно ќе нотира:

…Жалбата на тужителот Владимир Милчин од Скопје СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

Пресудата на управниот суд У-5 бр.133/2012 од 13.2.2014 година СЕ ПОТВРДУВА….

Заклучок дефинитивно си бил: КОДОШ, што би рекол мојот пријател најдолниот слој од едно друштво во државата.

Но, морам да признаам дека личностите како тебе, која нашата напатена држава Република Македонија (запамти го многу добро уставното име на нашата држава) која согласно законот те лустрирала поради твоите активности, кои кај народот се популарни како КОДОШКИ, сепак се повеќе од суптилни кои би можеле да се споредат со спој на интелтуализам и квази патриотизам.

Никола Груевски пред десетина дена имаше интервју, кои мајсторите на неговиот тим за односи со јавност, го поделија во неколку дела (за мене тотално непотребно) и може слободно да се нарекува Мега, Гига и Тера дури и Ред Карпет, а за едно беше во право. ТИ САКАШ ДА ЈА КОНТРОЛИРАШ ДРЖАВАТА.

Кој си ти според мене?

Неспорен ДРАМУТУРГ (твојот кодошки надимак), кој создал голем број на најдобри генерации на нов бран на глумци, но и личност што преку твојата левичарска политичка ориентираност ја спроведуваше својата персонална идеологија:  Јас кажувам кој ќе раководи со државата, односно без никакво сомнение Јас сум државата.

Всушност ти си личност која сака да ни протне дека Лукавоста е способност, која е често видлива кај луѓе кои се помалку интелегентни за да направат големи нешта, и претставува времена сила за оние кои всушност се немоќни. Простакот ја смета лукавоста за интелегенција, и тој всушност никогаш нема да разбере што значи човекољубие.

Факт! Во одговорот до Никола Груевски потврди дека си бил член на највисокиот политички орган Централен Одбор на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. Си дал оставка во 2005 година.

Како директор на Институтот Отворено Општество и како член на Централниот Одбор на СДСМ си одлучил директно да влијаеш врз општествено политичкиот живот преку прецизен инженеринг. Финансираш Невладини Организации и Медиуми и Новинари, кои ќе ги пратат сите активности на НВО секторот со целосна нивна глорификација кај крајниот консумент граѓанинот односно за тебе гласачот.

За да можам подобро да те потсетам каков си, морав да се обратам до личност која не е политички активна, а може да ти држи лекции за НВО активизам. Ја замолив да во неколку точки го опише функционирањето на Институтот Отворено Општество на самиот почеток од функционирањето на Фондацијата. Комплетно ти го пренесувам мислењето на личноста:

  1. Со појавувањето на Сорос во Македонија или Институт Отворено Општество се појавува првиот клиентелизам, односно организациите кои беа грантирани најмногу беа создавани од Институтот за да им требаат и да мораат да учествуваат во заеднички проекти
  2. Се појавија црни листи на поединци и организации кои беа закачени на таблите во канцелариите
  3. Прв пат се инволвираа директно политичките активисти (Милчин), односно членови на една политичка партија во директно раководење и креирање на политики преку меѓународни фондови (Фондација Сорос)
  4. Волонтерската работа беше доста позната и популарна помеѓу младите во тоа време , но со појавувањето на Фондацијата, организациите и поединците започнаа да заработуваат пари…., а кога некој ти дава пари сигурно очекува нешто назад…. Тој тренд следеше потоа скоро од сите донатори кои работеа или сеуште работат во Македонија
  5. Се помалку се работеше на терен со крајните корисници на граѓанскиот сектор, а се повеќе се создаваше НВО елита, луѓе кои се обучуваат, а немаат директен контакт со нивната целна група и само прептоставуваат што им треба, па во таа насока и креираат програми во нивните канцеларии
  6. Интересно е да се напомене дека во тоа време Фондацијата поддржуваше и поединци од опозицијата преку одредени програми, односно си правеше своја армија

Затоа имам неколку прашања за тебе:

  • ВИП телекомуникациски оператор, ја спонзорира македонската ракометна репрезентација, освен што го промовира ракометот и спортот во нашата држава во исто време ја зголемува својата понуда на пазарот и главна цел му се граѓаните консументи. Кога си давал ти пари, што зголемуваше?
  • Те вознемирува тоа што Управата за Јавни Приходи само проверува дали е платен данок или те вознемирува дали нашата држава ќе создаде тело кое ќе ги спореди буџетските извештаи со текстуалните извештаи кои може нема да кореспондираат како се трошени средствата, а ти си ги признал како релевантни и може да ти се удри од глава?
  • Твојата наследничка (напоменувам дека немам голема намера да ја анализирам до 1 (една) година мандат, уште па помалку нејзината месечна плата) изјави дека биле финансирани над дваесетина НВО кои работеле на изборниот процес за да ги убедат граѓаните да го исполнат своето елементарно право да гласаат. Дали тука ти се јавува страв дека претходното прашање ќе неможеш да го одговориш баш на оваа изјава?
  • Дали си ја удираше главата од ѕид кога твојата наследничка директно го нападна изборот на Доналд Трамп за Претседател на САД, знаејќи дека Американците од УСАИД ќе мора сега херметички да ја затворат вратата во Македонија за соработка со Институтот Отворено Општество од една едноставна причина, ќе ја бранат по секоја цена честа на институцијата Претседател?

Мора да запомнеш дека има луѓе кои се воодушевуваат на филмот Џек Ричер, посебно на една од последните сцени кога Том Круз вели: Јас седам во сенките каде неможеш да ме видиш и немам што да изгубам. Тоа те плаши.

Затоа ти препорачувам да започнеш на цел глас да го пееш рефренот на една песна од Осман Хаџиќ:

Као Титаник, Као Титаник

ја сам потонуо јер сам теби срце (институтот жено) дао

као Титаник сад на дно сам пао

јер сам санти леда веровао

П.С. Следното писмо е на ден 27.01.2017 (Петок) посветено на твоето интервенирање во медиумите. Посебно внимание ќе обратам да те потсетам на Македонската Музичка Индустрија и улогата на Јованче Донев и зошто молчиш за улогата на ЗАМП. Со посебно задоволство ќе ја потсетам читачката публика за твојата улога во телевизијата А1, во весникот Дневник и во националниот сервис МРТВ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.