Владин тим ги презентираше условите за инвестирање во Далас

Владин економски тим, предводен од вицепремиерот Владимир Пешевски, во чиј состав се и министрите за странски инвестиции Веле Самак и Џери Наумоф, извршниот директор на ДТИРЗ Виктор Мизо, како и економскиот промотер Васко Давидовски, ги презентира условите за инвестирање и водење бизнис во Република Македонија пред бизнис заедницата на Далас, Соединетите Американски Држави.

На бизнис форумот учествуваа претставници на голем број компании од областа на информатички технологии, финансиски и аутсорсинг услуги.

По завршувањето на форумот, делегацијата одржа и поединечни средби со раководството на низа компании, кои се заинтересирани за проширување на своите производствени капацитети на територијата на Европа.

Дeлегацијата одржа состаноци со извршните директори на една од најголемате ауторсинг компаниии од овој регион, со 35 оперативни единици (ауторсинг единици и кол- центри) во САД, Европа и Азија, како и со високи претсавници на најголемата компанија за развој на проекти со недвижнини со операции во САД, Мексико, Канада и Обединети Арапски Емирати.

Според Пешевски бизнис форумот беше реализиран успешно. Далас е град каде има има значителен број на производствени компании со глобални операции, а особено важно е што покрај бизнис форумот имаше можност да се остварат директни средби со менаџерските тимови на повеќе глобални компании и детално да се презентираат предностите за лоцирање на нивни производствени капацитети во Македонија.

Овој вид на средби, имаат за цел да им овозможат на претставниците на компаниите директно и детално да се запознаат со инвестициските можности и предности кои ги нуди Република Македонија, во однос на своите конкуренти на глобалниот пазар.