Македонија

Владина делегација ќе положи свежо цвеќе по повод 11 години од смртта на претседателот Трајковски

Владина делегација ќе положи свежо цвеќе по повод 11 години од смртта на претседателот Трајковски

Делегација на Владата на Република Македонија во состав  министерот за надворешни работи, Никола Попоски, министерот за одбрана Зоран Јолевски и министерот без ресор, Неждет Мустафа, по повод одбележување на 11 години од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски и неговите соработници кои загинаа во авионската несреќа, денеска ќе положи свежо цвеќе во Алејата на великаните, на Градските гробишта во Бутел.

Владина делегација во состав заменик министерот за здравство, Јовица Андовски, заменик министерот за локална самоуправа, Љупчо Пренџов и  заменик министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими, по повод одбележување на 11 години од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски и неговите соработници кои загинаа во авионската несреќа, денеска ќе положи свежо цвеќе на гробот на Анита Кришан Лозановска, советник во Кабинетот на Претседателот, на гробиштата кај црквата „Свети Спас“ во општина Велес.