Владина делегација положи цвеќе пред споменикот на Св.Климент Охридски

Во рамки на одбележувањето на празникот Св. Климент Охридски, делегација на Владата, во чиј состав беа министрите за култура и за транспорт и врски Елизабета Канческа – Милевска и Миле Јанакиески, заменик министерката за правда Билјана Бришкоска – Бошковски и заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, положија цвеќе на споменикот Свети Климент Охридски, пред Соборниот храм во Скопје.