Македонија

Владина делегација во економска посета на Виена

Владина делегација во економска посета на Виена

Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски престојува во економска посета на Виена каде пред австриски бизнисмени од различни сектори ќе ги презентира поволностите за инвестирање во Македонија.

Бизнис средбата со австриските стопанственици се реализира во соработка со Федерацијата на австриските индустрии.

Во составот на македонската делегација се и министерот за привлекување странски инвестиции Висар Фида и директорот на ТИРЗ Виктор Мизо.