Македонија

Владина поддршка за проекти во полошкиот регион

Владина поддршка за проекти во полошкиот регион

Владина поддршка за проекти во полошкиот регион. Општините од овој регион можат да почнат да користат 4,5 милиони евра, кои се директна поддршка од Владата за реализација на инфраструктурни проекти, истакна премиерот Никола Груевски при денешната посета на Тетовско.

Владина поддршка за проекти во полошкиот регион
Владина поддршка за проекти во полошкиот регион

Тој рече дека мал дел од проектите се почнати, а поголемиот дел ќе почнат во наредниот период.додаде дека средствата се главно за  изградба на водоводи, канализациски мрежи, патишта, уредување на просторот, паркови, плоштади…

Сега градоначалниците ќе треба да почнат со реализација на проектите. Инаку, само за општината Тетово од овие 4,5 милиони евра доделени се 1.640.000 евра директна поддршка од Владата за изградба на проекти во општината Тетово, така што целта на оваа помош што Влада ја дава за општините во Македонија, а во конкретниов случај за полошкиот регион е што повеќе да се излезе во пресрет на граѓаните со најприоритетни проекти и програми како што се локални патишта, водоводи, канализациски мрежи…, што пак е често пати барање од многу жители.  Затоа и Владата овој пат излезе со една поголема програма.