Македонија

Владината програма за вработување деца без родители вработи 143 лица

Владината програма за вработување деца без родители вработи 143 лица

Преку владината програма за вработување деца без родители попозната како Де10 досега се  вработени 143 лица.

Издвоени 34 милиони денари за вработување деца без родители

Над 34 милиони денари сe издвоени за вработување на оваа категорија на лица, која воедно претставува една од најранливите категории. Само за реализација на последниот оглас издвоени се 5 милиони и 250 илјади денари за вработувањата, а вкупно досега издвоени се над 34 милиони денари за реализација на 143 вработувања на деца без родители и родителска грижа.

Владата има изготвено посебна програма за вработување деца без родители која е од огромна помош за оваа категорија на граѓани. Мерките од оваа програма се насочени кон обезбедување на социјалната сигурност и решавањето на едно од најважните животни прашања поради што овие лица се задоволни од владината поддршка.

Сите тие се благодарни и им порачуваат на децата кои се во домовите а на кои им се ближи рок за осамостојување да бидат сигурни дека има кој мисли на нив.

Дел од нив за телевизијата Канал 5 ја изразија својата благодарност до Владата, за како што велат, за се што прават за децата без родители и воопшто за сите ранливи категории.

Децата без родители во фокусот на владините мерки за поддршка

Бројните проекти и мерки потврдуваат дека децата без родители се во фокусот на владините мерки за поддршка. Покрај мерките за вработување, за оваа категорија на граѓани има и низа други мерки за поддршка.

За децата без родители овозможено е користењето правото на еднократна парична помош во насока на нивно осамностојување по нивното полнолетство и напуштање на установата во висина од 180 илјади денари што е зголемување за 900% до претходните 20 илјади денари.

Доделени 30 решенија за вработување деца без родители
Доделени 30 решенија за вработување деца без родители

Исто така, ако некој од овие лица се одлучи да се запише на факултет, дипломски или постдипломски студии добива по 24 илјади денари месечна парична помош.

Воведена е мерката за обука за компјутери и англиски, а за решавање на станбеното прашање обезбедени се 134 социјални станови.