Со владиниот грант се отвара Монтесори градинка во Илинден

Поволностите кои што ги воведе Владата на Република Македонија за поттикнување на отворање на нови приватни детски градинки почнаа да даваат резултати, истакна Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Инаку во општина Илинден со владин грант наскоро ќе почне да се гради градинката Монтесори. Како што информира досега се отворија вкупно 26 приватни детски градинки и 6 Центри за ран детски развој.

Пакетот на поволности кој што се состои од ниска почетна цена за градежно неизградено земјиште за изградба на детски градинки од едно евро за метар квадратен, намалените комуналии за изградба на вакви објекти за 95 проценти, можностите за искористување на поволните кредитни линии преку Македонската банка за поддршка на развојот, како и најновата мерка што ја воведовме преку Агенцијата за вработување, грант неповратни финансиски средства во износ од 10.000 евра за отворање приватна детска градинка ги поттикнуваат приватните инвеститори, ги поттикнуваат сите оние кои што се заинтересирани заотворање приватни детски градинки, рече тој.

spasov-1

Спасов нагласи дека во изминатите две до три години значително се зголемува бројот на новоотворени детски градинки, а ги повика и сите оние кои што размислувале за почнување ваков бизнис или пак за отворање на приватна детска градинка да ја искористат можноста, односно да го искористат јавниот повик кој што сеуште е во тек за грант за основање на приватна детска градинка во износ од 10.000 евра да аплицираат.

Сеуште има доволно простор за сите оние кои што се заинтересирани да дојдат во Агенцијата за вработување во Министерството за труд и социјална политика и да аплицираат за овие неповратни финансиски средства за изградба на приватна градинка, или пак за опремување на детска градинка, рече Спасов.

Инаку изградбата на градинката Монтесори во Илинден се очекува да почне наскоро, а истата според плановите би требало да биде отворена до крајот на следната година.

Спасов информира дека досега се отворени вкупно 26 приватни детски градинки и 6 Центри за ран детски развој.

Овие 32 приватни субјекти отворија дополнителен капацитет за 1.800 дечиња и отворија нови 150 работни места, рече тој.

spasov-33

Инаку, како што нагласи, позитивните ефекти од пакетот владини мерки за отворање на нови приватни детски градинки се повеќекратни: зголемување на капацитетите за згрижување на деца од предучилишна возраст, намалување на невработеноста и зголемување на квалитетот во установите за згрижување на деца од предучилишна возраст.

Со оваа инвестиција се воспоставува и конкурентност во областа на образованието и во областа на згрижување на деца од предучилишна област. Ова е парцела која што кон крајот на минатата година се отуѓи и ќе се отпочне со градбата, со тоа ќе овозможиме нови капацитети и крајната цел е подобрување на условите за живеење на граѓаните и подобрување на квалитетот на живот, рече градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски и додаде дека поддршката од Централната власт и од бизнис секторот придонесува во општината да има брз и одржлив локален економски развој.

Сопственичката на градинката Монтесори, Божана Марковска информира дека овој проект е замислен да биде еден комплекс кој што ќе биде составен од три дела, пред се градинка наменета за 120 дечиња, научно истражувачки центар во функција на децата и кој ќе биде отворен за јавноста и основно училиште.

Монтесори е еден од најнапредните системи на едукација во светот. Од него произлегле многу сопственици од најсовремените технологии, како сопственикот на Фејсбук, на Гугл, на Амазон, на Мајкрософт, принцовите Вилијам и Хари и сега и идниот крал Џорџ, така што мислам дека и нашите деца во Македонија го заслужуваат најдоброто, рече таа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.