Македонија

Владините функционери на терен – Ќе извршат увид во состојбите по поплавите

Владините функционери на терен – Ќе извршат увид во состојбите по поплавите

По обилните врнежи што ја зафатија земјата владините функционери се упатуваат на терен за да бидат со месното население и да извршат непосреден увид во состојбите, како и за да ја координираат активноста за менаџирање со последиците од обилните врнежи и поплавите.

Заменик претседателот на владата на Република Македонија задолжен за економски прашања Владимир Пешевски ќе биде во општина Новаци.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов ќе ја посети општината Чешиново-Облешево.

Заменик-министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски ќе го посети струмичкиот регион.

Координативното тело предводено од министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески ги следи состојбите и презема мерки и активности за превенција од поплавите и намалување на негативните ефекти од нивното влијание.