Владините функционери на терен по синоќешните дождови

По синоќешните обилни врнежи од дожд, владините фунkционери излегоа на терен во справувањето со последицитe во наjкритичните региони.

Премиерот Никола Груевски, денеска ќе го посети штипскиот регион и ќе изврши увид во состојбите во реоните погодени од обилните врнежи.

Груевски ќе ја посети општината Штип каде ќе оствари средба со градоначалниците од погодените општини, по што ќе ги посети населените места Ново Село, Кежовица и месност во близина на Кежовица.

Во Штип заседаваше Кризниот штаб, во присуство на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, директорите на сите водостопански претпријатија во источна Македонија, како и градоначалниците на 11 општини низ кои минува реката Брегалница.

На терен е и вицепремиерот Владимир Пешевски, кој заедно со членот на Управниот Одбор на ЕВН Македонија Игор Гиевски и директорот на МЕПСО Синиша Спасов е во посета кичевско-дебарскиот регион каде денеска неколку часа беше во прекин сообраќајот, како и дел од електричната мрежа.

Најавена е и посета на трафостаницата во Кичево во 15:30 часот со цел отстранување на дефектите на далноводот Работната посета ќе започне од 110/x kVтрансформаторска станица „Кичево” лоцирана на влезот од Кичево на патот кон спортско-рекреативниот центар „Крушево” во близина на железничката станица.

Фото: Курир

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.