Владините мерки даваат резултат: Значителен пад на невработеноста

Владините мерки за намалување на невработеноста даваат резултат. Евидентно е дека има значителен пад на невработеноста благодарение на поволностите што им се нудат на компаниите.

На 3- ти декември со салата Борис Трајковски во Скопје од 11 до 14 часот ќе се одржи осмиот и воедно последниот Саем за вработување за годинава. Ова е можност на едно место да се сретнат невработените лица и компаниите кои имаат потреба од работна сила.

Годинава поголем интерес на компаниите за Саемот за вработување

Од Агенцијата за вработување за „Лидер“ велат дека Саемот е наменет за компаниите и за невработените лица, како од Скопје, така и од останатите заинтересирани лица од внатрешноста. Очекувањата на Агенцијата за вработувања се на Саемот да учествуваат голем број компании кои годинава се најавиле во поголем број во однос на минатата година.

Саем за вработување во Тетово
Саем за вработување во Тетово

Очекуваме голем број компании да учествуваат, лани поминавме успешно, а оваа година очекуваме поголем број компании и очекуваме поголем број реализирани вработувања. Сите работодавачи од лани беа задоволни и затоа оваа година повторно изјавија дека ќе учествуваат, а се пријавија и нови компании кои дел се од странските инвеститори , а дел се домашните компании. Оваа година исто како и лани се одржуваат 8 саеми, 7 веќе поминаа низ градовите во државата , последниот 8 – от е во градот Скопје.

Триесет отсто од апликациите резултирале со вработувања

Минатата година…