Владините мерки даваат резултат: Значителен пад на невработеноста

Минатата година околу 30 отсто лица биле вработени од компаниите.

Резултати од оваа година не би можела да кажам оти се очекува повеќе лица да дојдат и целокупната анализа ќе биде готова откако ќе заврши овој саем, лани имавме над 5.600 поднесени апликации од невработени лица, а 30% беа вработени од самите компании и во Скопје имавме 86 компании лани кои што учествуваа. Тоа се одлични резултати и можност на едно место работодавачите да се сретнат со невработените лица и невработените лица директно да аплицираат за конкретно работно место, изјави Слободанка Алексовска, Центар за вработување на град Скопје.

Проектот „Македонија вработува“ ги дава очекуваните резултати: Досега вработени 9.400 лица

Преку владиониот мега проект „Македонија вработува“ досега работа нашле над 9.400 лица. Според Алексовска „Македонија вработува“ е еден од поуспешните проекти. Самата бројка на вработени лица кажува дека резултатите се позитивни, на самите работодавачи им одговара мерката затоа што им носи материјална заштеда ,а додека пак невработените лица си добиваат работно место

Најатрактивната мерка зависи од дејноста или од моменталната потреба. Има мерки со кој се купува одредена опрема, тоа е финансиска поддршка во вид на грантови, имаме мерки со кои се подржуваат различни видови на субвенционирани вработувања, тоа се парични износ по бруто месечна плата ,има практиканство и обука, евтини кредитни линии. Резултатите се големи, сите мерки се користат во зависност од тоа што бараат работодавачите, вели Алексовска.

Мерките за вработување продолжуваат и наредната година

За следната година е усвоен Оперативниот план за вработување. Со претходна анализа на пазарот на труд и во овој Оперативен план се опфатени дел од ланскиот мерки, некој се изменети, некои се исти, а имаме и нови и до март идната година ќе се применува проектот „Македонија вработува“, информираат од Агенцијата за вработување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.