Владините мерки даваат резултати

Мерките на Владата за младите даваат резултати. Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при своето обраќање на Годишната конференција на Унијата на млади сили на партијата наброи низа проекти преку кои Владата се грижи за младите и нагласи дека за нив е направено многу, пишува Курир.

mladilica-vrabotuvanje

Заедно направивме многу за Македонија, и особено за младите во Македонија.  Успеавме во напорите за укинување на визната либерализација, и денес секој млад човек може непречено да се движи низ Европа без визни ограничувања. Донесовме ниско тарифни авио компании со кои илјаници млади луѓе за 20-30 евра можат да патуваат кон најатрактивните дестинации низ Европа и пошироко. Младите брачни парови кои планираат три или повеќе деца во семејството веќе од 2008-мата добија сериозна државна финасиска поткрепа, а првите резултати од тоа иако во мал обем веќе стасуваат. Годинава, по подолг надолен тренд, кога на училиште почнаа да одат токму оние кои се родија кога владата ја донесе оваа мерка и политики, во прво оделени се запишаа 1.116 повеќе деца од минатата. Се враќа надежта кога зборуваме за македонската демографија, иако не чека тежок пат на ова поле, имајки во предвид дека на ред доаѓаат генерации со пониска фертална база, рече Груевски.

Премиерот потсети дека новата мерка на владата за стимулирање на вработувањата наречена Македонија вработува, се издвои посебна категорија за која работодавачот пет години нема да плаќа придонеси со обврска да ги задржи уште една-тоа се невработени од семејства со три или повеќе деца, што значи овие луѓе, овие семејства ќе станат поатрактивни за работодавачите во иднина.

-Се даде можност и за подолго неплатено породилно боледување од  три месеци кое може да се искористи до возраст на детето од три години, до кога мајаката е и здравствено осигурана,а од годинава воведовме и подолгоплатено породилно отсуство за мајки кои ќе родат две, три или повеќе деца истовремено, и за нив го зголемивме на 15 месеци породилното отсуство, рече Груевски.

Груевски додаде дека се обезбедени низа мерки за студентите и учениците.

-Ставивме ред во студентските домови, и точни критериуми за прием, со огромни казни за раководството доколку ги прекрши.Вложивме 42 милиони евра и со нив изградивме 70 нови училишта а над 350 темелно ги реконструиравме. Изградивме над 80 нови спортски сали, 50 игралишта за голем фудбал, се градат 120 тениски терени терени од кои околу половина се завршени, се градат и 100 мултифункционални игралишта, од кои над пола се завршени.Се овозможи и градба на големи спортски сали за големи собирања како Борис Трајковски и Јане Сандански, но и националната арена Филип Втори Македонски. Се градеа и се градат станови за млади брачни парови по повластени цени. Се спроведе проект со кој во одредени денови младите луѓе имаат бесплатен пристап во културните институции и јавниот превоз со воз и со градски автобус.Паднаа акцизите и царините, па илјадници млади луѓе дојдоа до автомобил, рече Груевски.

Преку проектот „Македонија вработува“ за помалку од два месеци се вработија 2.600 лица.

– Со последниот проект, Македонија вработува, младите се опфатени во посебна група до 35 години,за чие вработување работодавачот не само што во период од 3 години нема да плаќа никакви придонеси, туку нема да плаќа ни персонален данок на доход, но со обрвска потоа да ги задржи најмалку уште една година.На ова мерка претходеше слична една година претходно, преку која работа добија речиси 9.000 млади луѓе до 29 години за само една година. Со новата мерка до 35 години, заедно со старата до 29 години, за помалку од 2 месеци се вработија над 1700 млади луѓе половина со старата мерка до 29 години која сеуште трае, околу половина со новата мерка до 35 години, која е дел од големиот проект Македонија вработува, и тоа само до оваа возраст. Се отворија над 140 илјади нови работни места во Македонија во последните 8 години, рече премиерот Никола Груевски на Годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.