Владините војски ја блокираа американската база во Сирија

Американската база ел-Танф на југот од Сирија е целосно блокирана од владините сили, изајвил началникот на рускиот генерал Валериј Герасимов во интервјуто за весникот Комсомолска правда, a шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров повторно го обвини САД дека во илегалните американски бази на сириска територија ги увежбуваат џихадистичките милитанти.

Официјална Москва во средата објави дека главниот дел од битката против ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава во Сирија е завшен, а началникот на Генералштабот на руските сили, Валериј Герасимов ги обвини САД дека ги увежбуваат поранешните борци на оваа групација за да ја дестабилизираат и натаму земјата.

Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека главниот дел од битката против Исламската држава во Сирија е завршен, а оти сега главната задача е „да се уништи Џебхат ан-Нусра“, којашто е сириското крило на терористичката мрежа Ал Каеда.

Обвинувањата на Герасимов се однесуваат на американската воена база ал-Танф, во близина на јужниот премин на границата со Ирак. Русија обвинува дека американците ја формирале оваа база илегално, без договор со сириските власти, а за неа и за уште неколку вакви бази дознаа од Турција по заладувањето на нејзините односи со САД. Според Москва, областа околу базата претставува „црна дупка“ во којашто се засолнуваат џихадистите кои под заштита на американските војници непречено дејствуваат и се обучуваат.

Вашингтон тврди дека ал-Танф е привремена база која служи за обука на сириските сунитски бунтовнички групи за борба против Исламската држава и порано ги отфрлаше руските обвинувања упорно тврдеји дека е посветен на уништување на исламистите.

Меѓутоа, Герасимов вели дека руските сателити и дронови во базите регистрирале бригади на милитантите. „Тие таму се обучуваат“ вели генералот во разговорот за Комсомолска правда.

Додава дека голем број од исламистичките милитанти и борците на Исламската држава се наоѓаат и во Шаадади, каде што исто така има американска база.

„Тие практично се Исламската држава. Но, откако ќе завршат со обуката, тие ја менуваат позицијата и земаат друго име. Нивната задача е да ја дестабилизираат ситуацијата“, тврди Герасимов.

Русија главно го повлече своите сили во Сирија, но Герасимов истакнува дека, задржувајќи ги поморската база во Тартус и воздухопловната во Хмејмим, е способна да се справува со можните извори на нестабилност.

Според Герасимов, базата ал-Танф е ограничена само на локалитет со радиус од 55 километри, а периметарот на зоната целосно го контролираат сириските владини сили. „Податоците од космичките и другите видови разузнавање покажуваат дека во неа се наоѓаат милитанти. Тое фактички се увежбуваат“, вели.

Герасимов вели, исто така, и дека со месеци наназад се забележува движење на милитантите во базата. Кога контролата на оваа територија била послаба, од областа на ал-Танф излегувале дури и и по околу 350 милитанти.

„Постоеше закана од заземање на градот Корџатен во Сирија. Наврмено спроведовме операција (…) Беа поразени, тие сили беа уништени. Имаше и заробеници од таквите кампови. Факт е дека таму се одвива обука. Покрај тоа, таму постои и камп за бегалци, Рубкан, кој е најголемиот во Сирија“, додава челникот на рускиот Генералштаб.

Во гарнизонот ал-Танф е распоредена една од американските воени бази во Сирија во коишто се изведува обука и се вооружуваат сириските бунтовници од страна на американските воени сили кои дејствуваат во покраинитеи Рака, Хасака и Деир-ез –Зор.

Герасимов притоа потсетува дека неодмана британскиот јавен сервис BBC емитуваше прилог за тоа како била организирана евакуацијата на џихадистичките борци од нивнито бастион градот Рака. Тогаш 400 милитанти биле превезувани од страна на Курдите под закрила на Американците во базата ал-Шадади во североисточна Сирија.

„Тоа е територија контролирана од Курдите, а таму исто така се наоаѓа американска база. Покрај тоа, во кампот Шадади, се донесени околу 800 лица од источниот брег на Еуфрат, од областа којашто ја освојуваа Курдиите…. Тоа е практично Исламската држава“, истакнува началникот на рускиот Генералштаб.

Според него, откако со борците на Исламската држава ќе биде завршена обуката, тие ќе се замаскираат, и ќе добијат нови имиња како, на пример, „Нова сириска армија“ и други, со цел да ја дестабилизираат ситуацијата во земјата.

Зацвртсувајќи се „на теренот“, Русија започна со востанувањето на базите во Тартус и Хмејмим во целосни воени бази. Притоа, одговорот на американската страна со базата во ел-Танф е неразумен чекор, предупредува Герасимов.

„Локацијата на оваа американска база противречи на здравиот разум. Во моментов тами има територија ослободена од сите банди на Исламската држава. Таму не останал никој од нив, не постои никава опасност од територјата на Сирија. Што се наоѓа таму? Со каква цел?“, додава Герасимов.