Владо Георгиев претепан во Белгија, тој негира

Пејачот Владо Георгиев е претепан во петокот пред еден клуб во Антверпен, но тој рекол „не сум повреден, се тепаа некои луѓе“.

Неколку дена Георгиев престојувал во овој град во Белгија за да сними спот, а воедно и за да ги одржи закажаните настапи во еден тамошен клуб, каде со собираат луѓе од просторите на поранешна Југославија.

За време на паузата Владо заедно со тапанарот излегол пред клубот за да запали цигара. Во тие моменти пред него поминале неколку девојки со момчиња, а Владо, наводно на една девојка почнал да и дофрла, што довело до вербален судир и на крај и тепачка.

Во тепачката со неколку момчиња учествувал и Владо и член на неговиот бенд, а набрзо на местото стигнала полиција. Најдебелиот крај го извлекле Георгиев и тапанарот.

Се се одиграло во раните утрински часови, а пејачот следниот ден имал договорен настап во Штутгарт кој сакал да го откаже зошто не можел да пее, но по кратко убедување од страна на менаџерот сепак одлучил да одржи настап.

Кога во саботата го контактирале пејачот, не сакал да ги потврди овие наводи, туку порачал:

„Што ви треба? Каква тепачка? Излегов да запалам цигара и изби тепачка. Не сум повреден воопшто. Се тепаа некои луѓе“, рече Владо.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.