Спорт

Владо Илиевски поднесе кандидатура за претседател на МКФ

Владо Илиевски поднесе кандидатура за претседател на МКФ

Поранешниот македонски репрезентативец, Владо Илиевски ја поднесе својата кандидатура за нов предводник на македонската кошарка.

Илиевски побара свикување собрание на кое би се гласало за смена на актуелниот претседател на Македоската кошаркарска федерација, Петар Наумоски.

Преку својот Facebook профил Илиевски објави фотографија од пред МКФ и напиша: „Иницијативата е поднесена,…. продолжува борбата за подобра кошарка во Македонија“.