Власта ги следи граѓаните преку Вибер?!

Дека македонските власти следат граѓани преку Вибер апликацијата неодамна предупреди и Златко Ковач, македонски активист кој живее во Вашингтон.

Тој тогаш на својот фејсбук профил ги повика граѓаните да ја избришат Вибер апликацијата од своите мобилни телефони и компјутери.

„Ако имате инсталирано Viber, хунтата на СДС следи не само што пишувате и зборувате преку Viber, туку ви го следи и целиот телефон, сите фајлови, слики, СМС, разговори, ве снимаат на предна камера, слушаат на микрофон, следат каде се движите преку навигација, се’ што сурфате. Еве зашто Министерството за Внатрешни Работи (МВР) ги следи овие комуникации. Прво Агенцијата за електронски комуникации направи истражување, а потоа МВР пристапи кон склучување на договори со сопствениците на платформите. Странка во договорот е Министерството за информатичко општество и администрација со фирмата “Ракутен Вибер”, напиша тогаш Ковач.

Според истражувањето на АЕК, над 90 проценти од граѓаните што користат мобилен интернет комуницираат преку Вибер. А според правилата за користење на Вибер, која што е јапонска компанија, вашите податоците од апликацијата можат да бидат споделени со служби за безбедност, владини агенции но само како одговор на формални барања поврзани со тероризам, криминал, или други нелегални активности.

 

Премиерот Зоран Заев во изјава дадена пред судот по одложувањето на рочиштето за „Поткуп“, намерно даде до знаење дека се следат комуникациите.

-Од овие Вибер групи формирани од ВМРО-ДПМНЕ за организирање на протестите, кога имате 20 луѓе, барем двајца луѓе ги спроведуваат со опонентите. Така да се е јасно кој стои зад протестите и кој ги организира. И апсолутно е јасно кој какви пари прима и од каде прима…, изјави Заев.