Власта во Авганистан го укина сервисот СМС за време на гласањето

Набљудувачката мисија на ЕУ на претседателските избори во Авганистан, ја осуди одлуката на властите да го укинат сервисот СМС за време на гласањето.Оваа одлука ја оневозможува контролата за време на гласањето и можа да ја загрози транспареноста на изборите, а претставува и ризик за безбедноста.

Шефот на мисијата на ЕУ, Тијс Берман изјави дека укинувањето на сервисот СМС има директни последици на работата на повеќе од десетина илјади авганистански набљудувачи кои ги следат изборите.

Во Авганистан утринава започна првиот круг на претседателски избори.Претседателот Хамид Карза ги повика граѓаните да не ги слушаат заканите на Талибанците и масовно да излезат на гласање.
Талибанските бунтовници ветија дека ќе направат се, за да го пореметат текот на изборите, вклучувајќи и вооружени напади на избирачките места.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.