Властите истражуваат кој го убил кучето на Салма Хајек

Властите во Вашинготон покренаа истрага откако кучето на актерката Салма Хајек било најдено затсрелано на нејзиниот ранч што се наоѓа јужно од Сиетел.

Локалниот шериф информира дека убиството било пријавено на 19-ти февруари и дека во моментов истрагата е во тек. Според досегашните информации, домарката јавала коњ во близина на имотот на актерката заедно со уште два кучиња.


Според нејзиниот исказ, кучињата истрчале до патот но се вратиле назад, како и вообичаено. Но, подоцна кога се вратила дома  и забележала дека едно од кучињата исчезнало. Го нашла кучето мртво и пријавила во полиција.

Салма Хајек во петокот објави на Инстаграм дека тагува поради смртта на нејзиното 9-годишно куче Моцарт и дека се надевала дека властите ќе го најдат убиецот.