Свет

Властите во Тајван заплениле 7,65 тони месо од делфини

Властите во Тајван заплениле 7,65 тони месо од делфини

Властите во Тајван денес соопштија дека заплениле 7,65 тони месо од делфини, пренесе „АФП“.

Месото е најдено за време на полициска операција во фабрика за замрзната храна во јужниот град Каошунг. Според властите за да се добие толкава количина на месо, убиени се околу 150 делфини.

Сопственикот на фабриката може да биде осуден најмногу до пет години затвор и парична казна од 50 илјади долари поради трговија со производи од заштитено животно.