Властите во Украина се подготвени да разговараат за предвремени избори

Украинските власти се подготвени да разговараат за прашањето за предвремени парламентарни и претседателски избори, ако такви предлози бидат искажани од опозицијата на масата за преговори, истакнал првиот вицепремиер на земјата, Сергеј Арбузов, пренесуваат локалните медиуми.

„Можно е да се појават предлози за предвремени избори. И јас верувам дека ние ќе сме подготвени да дискутираме за нив“, коментирал Арбузов.

Веќе неколку дена во земјата се водат протести со барања за оставка на Владата поради непотпишувањето на Спогодбата за асоцијација со Европската унија.