Влатко Илиевски и Марина Овезовска го изиграа последниот танц

Пејачот и водител Влатко Илиевски и неговата професионална танцова партнерка Марина Овезовска го изиграа последниот танц во втората сезона на „Танц со ѕвездите 2“.

Имено, Влатко и Марина во последната емисија играа виенски валцер, а со тоа го заокружија своето натпреварување во популарното шоу. Тие се шестата двојка која си оди дома.

Во игра остануваат уште четири танцови двојки кои ќе се борат за влез во големото финале на најгледаното македонско телевизиско шоу.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.