Магазин

Влатко Лозаноски утре ќе пее во Зоолошка

Влатко Лозаноски утре ќе пее во Зоолошка

Македонскиот поп изведувач Влатко Лозаноски ќе настапи утре во Зоолошката градина во рамки на Детскиот ЗОО Фест, каде ќе изведе дел од своите хитови. Лозаноски ќе биде гостин на утрешното издание на фестивалот наменет за најмладите посетители на Зоолошката градина, а кој се одржува веќе седум саботи по ред.

Со настапот на Лозаноски ќе заврши првиот серијал на детскиот фестивал. Вториот серијал започнува во септември и ќе трае се до средина на октомври.

Како специјални гости на фестивалот, во изминатите негови изданија беа Панчо и Андреј ДНК, Симона Попоска и Дарко Илиевски. Дел од програмата на последниот серијал беа забавните музички настани со децата од Поточиња, учењето на нови модерни танци со танцовиот клуб Сонриса и едукацијата за животните во едукативното катче.