Влатко Стефановски со концерти во Куршумли Ан и Хераклеа

По oбјавувањето на последниот, 32 по ред, албум и по големиот јубилеен концерт во Универзала Сала, Влатко Стефановски, еден од најголемите македонски музичари на сите времиња, ќе има работно лето.

Во рамките на прославата на 40 години на сцена, на 19 август, во инспиративниот простор на Куршумли Ан, со почеток во 21 часот, е закажан концерт на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ.

Секогаш кога ќе ги вкрстат гитарите, овие двајца виртуози приредуваат концерт за паметење. Концертот е во организација на агенцијата Баги Комуникации.

Инаку, само неколку дена порано на 16 август, во рамките на Бит Фест, Стефановски ќе одржи концерт во Античкиот локалитет Хераклеа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.