Влажни коловози низ Македонија, возете внимателно

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно,по местимично влажни коловози.

На патен правец Страцин – К.Паланка поради свлечиште зафатена е третата лента од коловозот во должина од 150м. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради одрони на патниот правец Кочани – М.Каменица сообраќајот е во прекин. Сообраќајот се пренасочува преку патен правец Виница – Пехчево – Делчево.

На патниот правец Катланово-Велес, после наплатна станица Сопот, поради потенцијален одрон сообраќајот превентивно се одвива по една коловозна лента во должина од 200м. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Тработивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на река Брегалница.

Во општина Пробиштип, на патниот правец Ратавица – Злетово поради свлечиште сообраќајот е во прекин.Возилата се пренасочуваат преку Пробиштип – Злетово.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ деноноќно работат на расчистување на одроните и оспособување на сите патни правци за нормално одвивање на сообраќајот.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација,
како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.