Влажните улици го одложија прскањето против загадениот воздух

Иако градската власт најави дека кон средината на декември ќе стартува со прскање на улиците со калциум – магнезиум – ацетат, заради контрола и намалување на ситната прашина ПМ10 и ПМ2,5 честичките, засега тоа го нема сторено. Оттаму велат дека причината за тоа се непогодните временски услови, односно, влажните коловози кои на кои не  е препорачлива апликација на ова средство, односно за ефикасност на ова соединение, улиците треба да бидат суви.

Засега, Градот има адаптирано едно возило со кое ќе се аплицира калциум – магнезиум – ацетат, со цел да ги лепи штетните ПМ10 честици  во воздухот, при што загадувањето би се намалило и до 30 отсто.

Загаденоста на воздухот во метрополата, во комбинација со маглата која е карактерисична за овој дел од годината, денеска е на многу високо ниво. Покрај Скопје, алармантно загаден воздуш дишат и жителите на Тетово.

Загадувањето е актуелна тема  со години наназад, а освен досегашние препораки за граѓаните во вакви услови, кои ги даваше градската власт во соработка со Министерството за животна средина, годинава за првпат, по примерот на големите светски метрополи, Градот најави конкретна мерка, односно употреба на калциум – магнезиум – ацетат.

Предложените превентивни мерки, во услови на висока концентрација на загадуваки супстанции во воздухот, како  воведување на пар-непар и бесплатен јавен превоз засега се на стенд бај, односно се чека одобрување од Министерството за внатрешни работи и Владата.

Но, и за апликација на калциум – магнезиум – ацетат,  бесплатен автобуски превоз и други конкретни мерки, постои услов, односно треба 10 дена континуирано концентрацијата на ПМ10 е над 100 микрограми/м3.