Влегле во кладилница со сатар и украле 100.000 денари

Двајца непознати сторители со закана со сатар ограбиле кладилница во Скопје.

Вчера во 22.47 часот во ЕИК се јавила Б.Ц. (од агенција за обезбедување) и пријавила дека во Скопје на бул. „Видое Смилевски-Бато“, во спортска обложувалница две непознати лица извршиле разбојништво врз вработената.

Сторителите, со закана со сатар, одзеле околу 100.000 денари. Се преземаат мерки за  пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.