И влегол дома додела спиела и ја силувал

Хорор ја потресе Македонија. Вчера попладне во 16 часот во Полицијата во Крива Паланка, 63-годишната С.К. од селото Луке, кривопаланечко, пријавила дека  претходниот ден околу 1 часот, во нејзината куќа, 44-годишниот Ѓ.Д.  од истоот село ја силувал.

Сторителот, откако насилно ги искршил катанците од споредната врата од куќата, влегол во собата каде спиела, ја удрил во пределот на главата, а потоа извршил обљуба над истата и го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на монструмоти за целосно расчистување на случајот.