Свет

Влегува во сила законот за амнестија на демонстранти во Украина

Влегува во сила законот за амнестија на демонстранти во Украина

Демонстрантите, уапсени за време на тековните со месеци, антивладини протести во Украина, добија амнестија, откако опозицијата се согласи да ја прекине окупацијата на Градското собрание во Киев и други јавни згради, пренесе „АФП“.

Новиот закон со кој се повлекуваат обвиненијата против демонстрантите, влегува во сила еден ден откако активистите ги ослободија зградите што беа окупирани за време на протестите против одлуката на претседателот Виктор Јанукович, да го отфрли трговски договор со ЕУ, за сметка на поблиски односи со Русија.

Три месеци по почетокот на протестите опозицијата останува на плоштадот „Независност“, ветувајќи дека ќе го зголеми притисокот врз властите.

Во почетокот на овој месец Јанукович го одобри Законот за амнестија, со цел да се смират демонстрантите по крвавите немири во Киев, што ја потресоа земјата.

Одлуката дека демонстрантите ќе добијат амнестија, беше објавена синоќа, откако опозицијата ги напушти окупираните згради.

Амнестијата влегува во сила од денеска и ги поништува обвиненијата против демонстрантите кои извршиле прекршоци.

Опозицискиот лидер Виталиј Кличко призна дека одлуката за ослободување на Градското собрание била тешка, но правилно.

„Кога си зад решетки, мислиш поинаку“, рекол Кличко.