Влезниците за дуелот со Словачка со “солени” цени

Фудбалската федерација на Македонија денес ги одреди цените за натпреварот против Словачка, кој нашата репрезентација го игра во рамките од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2016 година.

Натпреварот се игра на 15 ноември на националната арена “Филип Втори”, а цените за овој меч се движат од 100 до 500 денари во зависност од трибината и самото место.

За западната трибина картите се со цена од 100 денари, додека за јужната и северната трибина билетите се со цена од 150, 250, 400 и 500 денари.

Влезниците можат да се набават во продажната мрежа на МКтикетс, во продажните салони на „ONE“ како и во Југотон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.