Влезот на Црна Гора во НАТО го поддржуваат 42 отсто од граѓаните

Претседателот на Демократската партија на социјалистите на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ изјави дека најновото истражување на јавното мислење покажува дека влезот на Црна Гора во НАТО го поддржуваат 42 отсто од граѓаните.

Тој оцени дека НАТО претставува најефикасна и најисплатлива рамка за понатамошно унапредување на стабилноста на Балканот, и напомена дека ДПС го зголемува ангажманот за афирмирање на идејата за членство во тој Сојуз.

Лидерот на ДПС во Бијело Полје изјави дека Црна Гора со ЕУ и НАТО дели заеднички цели чиешто исполнување значајно допринесува за подобар квалитет на животот на сите граѓани.

„ЦрнаГора како полноправна членка на сојузот ќе има еднаков третман и право на одлучување како и останатите земји членки, а поради поранешните искуства важно е да бидеме на маса каде што се донесуваат најважните одлуки,“ изјави Ѓукановиќ.