недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 1

Влезот на Косово во УНЕСКО денеска на дневен ред во Париз

Амбасадорот на Србија во УНЕСКО Дарко Танасковиќ изјави за Танјуг дека е неизвесно дали Генералната конференција позитивно ќе одговори на барањето и дека разликата меѓу гласовите „за’ и „против“ ќе биде навистина мала.

Влезот на Косово во УНЕСКО денеска на дневен ред во Париз

Влезот на Косово во УНЕСКО денеска на дневен ред во Париз

Последни вести

Генералната конференција на УНЕСКО денеска во Париз ќе расправа и одлучува за барањето на Косово за влез во таа организација. Како што е најавено, Србија ќе направи се за расправата да се одложи и за членството на Косово да се преговара во Брисел.

Амбасадорот на Србија во УНЕСКО Дарко Танасковиќ изјави за Танјуг дека е неизвесно дали Генералната конференција позитивно ќе одговори на барањето и дека разликата меѓу гласовите „за’ и „против“ ќе биде навистина мала.

За да се избегна ваква непожелна политичка поделба во организацијата за образование, наука и култура, Србија ќе предложи одлагање на оваа точка од дневниот ред барем до наредната Генерална конференција во 2017 година, изјави Танасковиќ за Танјуг.

За да се донесе одлука за одложување на расправата потребно е просто мнозинство, со исти пропозиции на постапката и за утврдување на резултатот на изјаснување.

 

Најчитани вести