Влезот за МЗТ Скопје – Раднички слободен

Македонскиот кошакрски шампион МЗТ Скопје Аеродром соопшти дека влезот за последниот меч од АБА лигата против Раднички од Крагуевац (сабота, 19.00 ч) во СЦ Борис Трајковски ќе биде бесплатен за сите посетители.

Натпреварот против Раднички ќе биде од посебно значење за капитенот на МЗТ Скопје Аеродром, Тодор Гечевски, за кого ова ќе биде последен меч во АБА лигата, се наведува во клупското соопштение.

Металците ги повикува своите симпатизери да дојдат во што поголем број и да му помогнат на клубот во освојување на шестата позиција на табелата која води во Еврокупот наредната сезона.

МЗТ Скопје Аеродром во пресрет на последното коло од регионалната лига има скор од 23 победи и 13 порази.